Пристигнува редизајниран Google News таб

Google наскоро ќе го објави освежениот News таб, кој приоритет им дава на огласувачите, а не на насловните вести. Компанијата во твит го објави прегледот на редизајнираната секција за вести на десктоп верзијата на својот пребарувач, која на корисниците ќе им биде достапна во наредните недели.

Засега е рано да се дискутира за тоа што ќе постигне редизјнираниот News таб, но видливо е дека во прашање е чекор во целосно поинаков правец. Примерот од твитот потсетува на форматот на табови од главната Google news страница или Google news искуствата на мобилните уреди.

Приказните сега се групирани во рамки на еден таб, а секоја приказна има и сопствен таб. Присутни се и помалку линкови по страница, а индивидуалните приказни се поизразено присутни. Видлив е и повеќе бел/празен простор, но читаталите ќе можат да видат повеќе прикази од секоја приказна.

Според наводите на Google, ажурираниот News tab појасно ќе ги организира текстовите.