Не би имало слетување на Месечината ако не се случела ужасна несреќа (ВИДЕО)

На 20. јули 1969. година американската вселенска агенција NASA успешно ја заврши својата мисија „Аполо 11“, а Нил Армстронг стана првиот човек кој стапна на Месечината.

Милиони луѓе ширум светот го гледаа неверојатниот подвиг и „малиот чекор за човекот, но огромен за човештвото“. Меѓутоа, поранешниот шеф на „Аполо“, инженерот Кристофер Крафт, 50 години подоцна открива малку познати детали околу несреќата пред успешната мисија и зошто Армстронг бил избран да биде првиот човек кој ќе зачекори на Месечината.

Крафт беше директор на првата „Аполо“ мисија која подоцна беше наречена „Аполо 1“ и требаше да биде извршена во 1967. година. Леталото требало да изврши пробен лет во ниската орбита на Земјата, но се случила голема трагедија.

На 27. јануари таа година, тројцата членови на екипажот загинале во пожар за време на пробното одбројување на платформата. Загинаа астронаутите Вирџил Гришам, Едвард Вајт и Роџер Чефи кои изгореа за време на тестирањата.

Крафт сега вели дека сето тоа се случило поради брзањето и „вселенската трка“ која што Американците тогаш ја воделе со Советскиот Сојуз.

„Беше ужасно, можев да ги слушнам нивните гласови. Не траеше долго, околу 10-15 секунди. Управата трчаше да стигнеме на Месечината и мислам дека беа подготвени да ризикуваат“, изјави Крафт и додаде дека несреќата била клучна за опстанувањето на мисијата „Аполо“ затоа што „НАСА“ ја искористила несреќата за идентификување на своите грешки и спречување на нивно повторување.

„Требаше да се случи пожар, за повторно да го направат леталото“, вели Крафт.

Крафт додава дека без оваа несреќа Американците веројатно немало да слетаат на Месечината и тврди дека тој бил единствениот поради кој токму Нил Армстронг станал првиот човек кој зачекорил на Месечината.

„Другите велеа дека тоа ќе биде Олдрин, но јас сметав дека е треба да биде тој. Едноставно сметав дека тој не е тип на човек кој треба да го претставува САД во светот. Сметав дека Нил е подобар човек за тоа. Не дека не го сакав Олдрин, но не ми се допаѓаше многу, сите имаме свои слабости“, додаде Крафт.

Извор: Kurir.rs