„Во моментов ја завршуваме првата етапа на проектот, во рамките на која е реализирана монтажа и пуштање во работа на две гасенични експериментални роботизирани платформи“, ги пренесува интернет-порталот ТАСС зборовите на Григорјев.
Според него, „Маркер“ ќе биде универзална платформа врз која ќе се тестира нова технологија во сферата на роботиката. Покрај тоа, системот за управување со роботот веќе во овој момент овозможува работа во режим кој е близок на реални боеви услови. Се работи за автоматизиран режим на работа кој ја планира својата најоптимална траекторија на движење, вклучувајќи и заобиколување пречки на патот, но и детектирање копнени цел од различен тип.
Конструкторите на роботот „Маркер“ сметаат дека нивната концепција ќе стане основа на понатамошна работа за унапредување на содејствата меѓу копнените роботи, беспилотните летала и единиците за специјална намена, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Во февруари 2019 година Централниот научно-истражувачки институт (ЦНИИ) при Министерството за одбрана на РФ изнесе оцени дека руските борбени роботи треба да се опремат со системи на вештачка интелигенција, со чија помош тие самостојно ќе носат одлуки на боиштето, особено кога е во прашање примената на огнено оружје.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли