Верни на својот дух за откритија, Huawei и оваа година ќе продолжи да ги поттикнува своите корисници да излезат од нивната удобна зона и да започнат патување до непознатото. Овогодинешниот натпревар Huawei InFocus Awords е под слоган „Неоткриена убавина“. Натпреварот нуди можност за љубителите на фотографија од Централна, Источна и Северна Европа да ги прикажат најдобрите фотографии и видеа снимени со Huawei во 6 различни категории. Гласањето за најдобрите дела ќе трае до 18-ти август на официјалната веб страна на конкурсот Huawei InFocus. Избраното жири, вклучувајќи експерти и популарни фотографи од целиот свет, ќе го изберат најдоброто дело.
Да го откриеш неоткриеното
Природата и нејзината непредвидливост отсекогаш биле инспирација за луѓето кои се обиделе да ја забележат нејзината уникатност, но светот е полн со неверојатни, неоткриени места. Со својот проект”Неоткриена убавина”, Huawei ни покажува дека убавината е насекаде околу нас, и благодарение на телефоните како Huawei P30 Pro, забележувањето вредни моменти е блиску до нас. За создавање на совршена фотографија или видео потребно е само паметен телефон како Huawei P30 Pro и имагинација.
Конкурсот има за цел да ги инспирира луѓето да ги бараат оние скриени места кои не се познати туристички локации и досега не биле забележани. Huawei ги охрабрува своите корисници да бараат повеќе во она што ги опкружува за да ја откријат убавината и магијата кај луѓето и во моментите што инаку би ги пропуштиле.Ви нудиме и видео кое е целосно снимено со овој паметен телефон и ја покажува убавината на светот. Боите, деталите и неверојатната убавина на овие места беа забележани со ова документарно видео, кое е целосно снимено со Huawei P30 Pro и им овозможува на сите да го почувствуваат откривањето и да ја допрат мистеријата на природата:
InFocus Awards во специјално партнерство со TripAdvisor
Потрагата по убави непопуларни локации и прикажување на веќе познати локации во ново светло исто така е причината за партнерството на Huawei со TripAdvisor, една од најголемите онлајн-страници за споделување на информации. Платформа за љубителите на патувањето претставува лесен пристап за откривање на интересни нови места и овозможува лесно споделување на истите со светот. Затоа партнерството со TripAdvisor совршено се вклопува во концептот на Huawei InFocus Awards 2019.
Технологијата ти помага да ја откриеш убавината…
Huawei отсекогаш верувал дека фотографијата и видеото мора да бидат достапни за секој кој има чувство за детали и желба да открие нови и убави нешта. Со серијата P, а посебно главната P30 Pro серија, Huawei ги задоволува потребите на љубителите на мобилната фотографија и им овозможува да креираат навистина импресивни фотографии и видеа кои понекогаш ги надминуваат професионалците. Ова, дополнително со долгорочното партнерство со познатиот производител на Leica камерите и quad-камерата на P30 Pro, воведува нови правила во мобилната фотографија.
Покажи ги своите кадри и добиј награди
На фотографскиот натпревар на Huawei може да учествува секој од Северна Македонија. Земјата нуди многу скриени агли кои им се познати на малкумина. Најдете ги овие места и забележете ги со вашиот Huawei паметен телефон. Големиот победник на натпреварот ќе добие модерен лаптоп Huawei MateBook 13, часовник GT4 Watch и 10.000 евра, како и ваучер од 250 долари за TravelAdvisor. Фотографијата, исто така, ќе биде претставена на официјалната страница за туризам во Шведска, Полска, Данска, Австрија, Норвешка, Финска, Чешка, Грција, Унгарија, Израел, Србија, Словачка и Турција.
Победниците во секоја категорија ќе добијат Huawei MateBook 13, Watch GT, Huawei P30 Pro, 2.000 евра и ваучер од 250 долари за Trip Advisor. Второпласираните во различни категории ќе добијат Huawei P30 Pro, а оние на трето место – Huawei P30.
Победникот во категоријата “Награда од публиката” ќе добие Watch GT и Huawei P30 Pro.
Целосните детали за наградите на Huawei InFocus можат да се најдат наhttps://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/mk/
Поврзани артикли