Стив Џобс беше маѓепсник кој „им правеше магии на луѓето“ за да му помогне на Apple да остане на површината во текот на најмрачните денови на компанијата, изјави основачот на Microsoft, Бил Гејтс за CNN.
Џобс и Гејтс се познати по тоа што се тврдокорни лидери кои негуваат интензивна култура на работата.
Гејтс истакна дека луѓето често ги елиминираат негативните елементи на личноста на основачот на Apple, но Џобс бил и единствен лидер кој во периодот кога бил блиску до смртта го доведе Епл на пиедестал на највредна компанија на светот.
“Заедно со својата цврстина тој донесе некои неверојатно позитивни работи”, истакна Гејтс.
Еден од најбогатите луѓе на светот нагласи дека Џобс знаел да ги маѓепса своите вработени и клиенти кога ќе се соочел со некаков проблем, бидејќи умеел „во се да види волшепство“.
Џобс почина во 2011 година, неколку месеци откако поднесе оставка во компанијата Apple поради компликации од рак на панкреасот.