Откако на Интернет се појавија рендери од идниот паметен телефон на Sony, Xperia 20, сега пристигнуваат наводните функции на овој уред.
Страницата Sumahoinfo наведува дека идниот модел Xperia 20 ќе им биде достапен на корисниците на операторите како што се Docomo и Softbank.
Се споменува 6-инчен FHD LCD екран во 21:9 формат и минатогодишниот врв во понудата на Qualcomm, што се однесува до средната класа уреди, Snapdragon 710 (ќе го замени Snapdragon 630 од Xperia 10 моделот).
Тука се и 4, односно 6 GB RAM, 128 GB интерна меморија за снимање податоци и двојна задна камера (се состои од два 12-мегапикселни сензора). Димензиите на новиот уред изнесуваат 158 x 69 x 8,1 милиметри. На пазарот се очекува наесен или во зимата оваа година.
Поврзани артикли