Оние кои наскоро ќе го посетат Лос Анџелес ќе можат да добијат виртуелна масажа во центар што ќе се отвори специјално за таа намена.
Esqapes Immersive Relaxation Center, кој што ќе започна со работа на петти јули ќе биде прв од ваков тип во светот, пишува Engadget.
Центарот ќе понуди 10 различни искуства со помош на виртуелна реалност преку коишто клиентите ќе можат да се релаксираат и опуштат во виртуелна сауна, езеро, ресорт покрај океан и ски кабина со камин.
Освен визуелното задоволство, корисниците ќе можат да уживаат и во прекрасни ароми и освежувачки ветер, прилагодени според потребите. За време на масажата тие ќе седат во специјална фотелја – масажер.