Зад Tesla е рекорден квартал во однос на производството и испорака на електрични автомобили и следствено голем пораст во однос на претходниот квартал
Елон Маск може да биде исклучително задоволен од производството и продажбата на автомобилите на Tesla во текот на вториот квартал од оваа година. Од севкупниот бизнис се задоволни и инвеститорите бидејќи, по објавувата за рекордниот број на испорачани автомобили, цената на акциите на компанијата пораснале за цели осум отсто.
Во периодот април-јуни, најпознатиот производител на електрични возила низ светот испорачал 95.200 возила, со што се надминати претходните рекордни испораки за скоро 5.000 возила. Исто така, во текот на овој период завршена е голема работа и во однос на производството на автомобили – повеќе од 87 илјади, што секако е знак за Маск и сите во Tesla дека пред компанијата се подобри и поуспешни финансиски денови.
Производството и испораките на автомобили покажуваат значителен пораст во споредба со претходниот квартал (51 отсто), односно дути 217 отсто во споредба со истиот период минатата година. Што се однесува до продажбата по модели, јасно е побарувачката е најголема за најевтиниот автомобил, па така во текот на последните три месеци произведени се повеќе од 72.000 единици од Model 3, додека обемот на испорака на овој автомобилот надминал 77.000 единици. Во истиот период се произведени помалку од 15.000 единици од Model S и Model X, со продажба поголема од 17.000 единици. Што се однесува до првиот квартал, во тој период се испорачани повеќе од 50.000 единици од Model 3 и 12.100 единици од Model S / X.
Извор: Zimo.hr