Според наводите на јужнокорејските медиуми, Samsung Galaxy Note10 ќе има 3D Time of Flight сензори. Компанијата веќе имплементираше ToF сензори во Galaxy S10 5G (од предната страна и одзади) и Galaxy A80 (како дел од flip-up камерата). Сензорите се користат за рендерирање на бока ефектот, за AR апликации и препознавање на лице.
KOLEN, јужнокорејскиот производител на леќи, инвестира 21,6 милиони долари во изградба на нова фабрика во Виетнам, што би требало да го зголеми производството од 13 на 25 милиони леќи. Овој потег е направен поради партнерството со Samsung, кој повеќе од своите телефони ги произведува во Виетнам.
Постојат гласини дека Galaxy Note10 би можел да има и два ToF модула – еден на задната страна, а друг од предната. Засега не е познато како сензорот од предната страна ќе работи во punch-hole дизајн. Можно е дека предниот ToF сензор ќе биде резервиран само за 5G верзијата на Note10 телефонот.
Samsung Galaxy Note10 линијата ќе биде претставена на 7. август на Unpacked настанот во Њујорк.