Звукот на осумдесетите години: Bluetooth касетофон (ВИДЕО)

Сите некако во ова модерно време очекуваат висок квалитет од музика, а во кој случај ги ценат можностите за брзо прескокнување на нумерите. Се чини дека аудио касетите и рачното премотување се далеку зад нас, но форматот сепак се враќа, и тоа во модерно пакување.

Се работи за тоа дека компанијата NINM Lab го претстави првиот носечки Bluetooth касетофон – подобрена верзија на Sony Walkman – кој ќе може да оживува музички колекции, и аудио касети кои заборавено лежат некаде во длабочината на куќите и подрумите. “IT’S OK” касетофонот има вградено Bluetooth, така што аудио касетите може да се слушаат преку безжични слушалки, а оние кои се толку многу поврзани за минатото можат да користат и обични. Касетофонот доаѓа во три бои – бела, розева и плава – а кутијата за касета е проѕирна, така што гордите сопственици можат да им покажат колку добро ги зачувале нивните стари касети.

Новиот плеер оживува романтични врски кон музиката кои биле нешто поинакви во осумдесеттите години на минатиот век, кога до популарните песни не се доаѓало лесно, и тие се ловеле и извлекувале од радио програма. Ретро уредот ќе може да се набави за 63 долари.

Извор: PC Press.rs