Lenovo во април го претстави Z6 Pro, а потоа во мај го објави и Z6 Youth Edition. Сега официјално е претставен и стандардниот Lenovo Z6.
Lenovo Z6 е креиран од легура на магнезиум, а на задната страна има3D стакло со троен систем на камери, кој го сочинуваат 24MP главен (f/1.8), 8MP телефото (2x оптички зум) и 5MP depth сензор
Од предната страна се наоѓа 6.39-инчен OLED дисплеј со 2340 x 1080p резолуција и 19.5:9 однос на страници. Екранот пристигнува со 120Hz освежување, поддржува HDR10 и DCI-P3 спектар на бои. Во екранот е вграден сензор за отпечатоци од прсти, како и 16 MP селфи камера во рамките на засек.
Телефонот го покренува Snapdragon 730 чипсет, додека комбинацијата на меморија и простор за складирање пристигнува во три варијанти: 6GB/64GB, 6GB/128GB и 8GB/128GB. Присутен е и microSD слот за проширување до 512GB простор за складирање.