ТВ-каналот „Ѕвезда“ објави видеоснимка од првата советска атомска бомба која деновиве беше изложена на саемот „Армија 2019.“
РДС-1 (кратенка за „специјален млазен мотор“) беше успешно тестирана на полигонот Семипалатинск, на просторот на денешен Казахстан, на 29 август 1949 година. Дизајнот беше многу сличен на првата американска атомска бомба „Дебелко“, односно Fat Man.
Во 1950 година беа направени уште 9 атомски бомби РДС-1. До март 1951 година Советскиот Сојуз поседуваше 15 нуклеарни плутониумски бомби од овој тип.
Извор: Russia Beyond