Норвешка одамна е рај за производителите на електрични автомобили. Податоците за оваа година се уште пооптимистички и јасно укажуваат на официјалната политика на оваа европска држава
Според последните податоци за пазарот на нови автомобили, учеството на оние со електричен погон веќе е на ниво од неверојатни 48,4% за првите шест месеци од оваа година.
Како потсетување, минатата година, уделот на електрични автомобили за истиот период беше околу 25% или 31,2% за цела 2018 година, според информациите од Reuters. Судејќи според резултатите, Норвешка е на пат релативно безболно да ги забрани бензинците и дизелите до средината на следната деценија. Се разбира, овде не станува збор за некоја зголемена еколошка свест на Норвежаните, туку за официјална владина политика, која истовремено сеуште се базира на производство на нафта и нафтени деривати за извоз. Факт е дека државата на купувачите на електрични автомобили драстично им ги намалува трошоците за сопственост со намалување на трошоците за паркирање, патарини, ферибот услуги и даночни олеснувања при купување на автомобил.
Во таква атмосфера, Tesla сеуште е најпродаван бренд на автомобили. Со продадени 3.760 автомобили во јуни, компанијата поседува речиси една четвртина од пазарот. Поскапите модели со ознака S и X губат на популарнос, но во корист на Model 3, а во Tesla се уште може да бидат задоволни. Во Норвешка понудата на електрични автомобили ја зголемуваат и BMW, Nissan, Hyundai, Kia и Renault како најсилни играчи, а наскоро ќе им се придружат и Ford и Mercedes.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли