LG во текот на MWC 2019 конференцијата го најави LG G8s ThinQ моделот, кој на 28. јуни се појави на пазарот на Тајван, а сега конечно е достапен на меѓународните пазари.
LG G8s ThinQ е подостапна верзија на стандардниот LG G8 ThinQ модел, а има 6,21-инчен Full HD+ дисплеј и нешто помалку импресивен систем со три камери на задната страна, отколку што има стандардниот модел.
G8s ThinQ и натаму го користи Snapdragon 855 чипсет, а тука е и поддршката за 18W Quick Charge 3.0 опцијата на полнење. На задната страна се наоѓа главна камера од 12 MP, а ја следат 13MP ултраширока и 12MP телефото камера. Од предната страна е сместен 8MP сензор (Z Камера) со ToF технологија.
LG G8s ThinQ има поддршка за Hand ID гестикулација, која овозможува отклучување на телефонот со помош на дланката, со која се преминува над екранот. Можно е и да се контролира звукот со ротирање во воздух, а тука е и опцијата за гестикулација преку екранот за да се одговори на повикот или да се креира скриншот.
Телефонот пристигнува со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Повеќе детали за цената и достапноста на специфичните пазари би требало да бидат достапни во следните денови.