Се појавија најнови рендери на претстојните iPhone уреди за 2019. година, а фотографиите се поклопуваат со она што го видовме и прочитавме досега за смартфоните.
Наследникот на iPhone XR моделот на рендерите е прикажан со квадратеста испакнатина за камерата, а покрај главната има уште една дополнителна камера, што е надградба во однос на минатогодишниот модел. Дизајнот на засекот делува прилично слично на претходната генерација на телефонот, а неведената големина на екранот е 6,1-инчи.
iPhone XI i XI Max (ова не се официјални имиња) имаат по три камери на задната страна. На главниот сензор, веројатно му се приклучени широкоаголни и телефото сензори. Предната страна на двата телефона е речиси идентична на претходната генерација премиум iPhone модели. Дијагоналата на екранот за стандардниот iPhone е 5,8 инчи, додека за Max верзијата изнесува 6,5-инчи.
Со фотографиите не доаѓаат дополнителни информации, бидејќи рендерите веројатно се креирани од производителите на куќиштата, кои однапред ги добиваат единствено димензиите и локацијата на функционалните елементи на уредите.