Razer е нашироко познато име кога се во прашање перифериите, а од неодамна и мобилните телефони. Голем број гејмери поради тоа ги купуваат токму производите на оваа компанија.

Оваа компанија, во текот на сите години работење, понуди многу различни производи, но некои се покажаа како совршени и останаа омилени меѓу корисниците повеќе од една деценија.

Тука пред се мислиме на Razer Deathadder маусот, кој прв пат се појави во 2006. година и досега имавме прилика да го видиме во преку 20 варијации.

Тој модел, благодарение на тоа, како и одличниот квалитет, досега е продаден во над 10 милиони примероци, со што стана најпродавано глувче во историјата на компанијата.

Секако, Razer продолжува да го продава популарниот маус, и воедно го прави уште подостапен преку големиот број попусти, па така во некои земји може да се најде и по цена пониска од 50 долари.