Германски научници открија дека околу ѕвездата Тигарден кружат две планети кои можеби се и населени, а се наоѓаат на 12,5 светлосни години од Земјата, што е релативно блиску.
Планетите Тигарден Б и Ц личат на внатрешните планети на нашиот Сончев Систем и се претпоставува дека имаат атмосфера погодна за развој на живи суштества, јави „Сан“.
– Тие имаат малку поголема маса од Земјата и се наоѓаат во таканаречената „населива зона“, каде што може да има вода – објаснува доктор Матијас Зекмајстер од Универзитетот на Гетинген, Германија.