Иако потеклото на златото и натаму е мистерија, научниците откриле астероид кој содржи доволно вредни метали кои теоретски на секоја личност на Земјата би и донеле речиси милијарда долари.
Станува збор за астероидот “Psyche 16”, кој се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, а кој содржи огромни количини на злато, железо и никeл. Сега останува научниците своето откритие да го докажат, а американската вселенска агенција НАСА планира да го започне процесот во 2022-ра година.
Меѓутоа, пренесува RT, се поставува прашањето дали може да се искористи златото од вселената.
Професорот Џон Зарнецки, претседател на Кралското астрономско здружение, проценува дека би биле потребни 25 години за докажување на концептот, а 50 години за почнување на комерцијално производство. Секако, тоа зависи од две клучни работи, економската исплатливост и напредокот на вселенската технологија.
Исто така, многу светски сили би сакале да дојдат до златниот астероид, а Кина дефинитивно планира да доминира во тоа.
Мич Хантер Скулион, основач на британската компанија “Asteroid Minig Company”, за “BBC” рекол дека ова дефинитивно е наредниот индустриски “бум”.
“Кога ќе ја воспоставите инфраструктурата, тогаш можностите се речиси бесконечни. Оние кои се доволно храбри да го прифатат предизвикот кој се однесува на астероидите, ќе заработат астрономска количина на пари”, рекол тој.
Иако рударењето бара гравитација, која е шест пати поголема на Земјата отколку на Месечината, научниците тврдат дека сепак е доволна за успешно вршење на процесот.
Денес веќе постои глобален пазар за рударење на астероиди, а се проценува дека до 2025-та ќе биде повреден од 3,8 милијарди долари.
Извор: Klix.ba