Компанијата WhatsApp за својата популарна апликација почна да ја тестира опцијата за делење на статусот на други апликации.
Корисниците во бета верзијата можат да видат нова опција за делење за статусот, која може да се користи како Facebook story или да се испрати на апликациите како Instagram, Gmail и Google Photos. WhatsApp Status е опција слична на Instagram Stories, која овозможува објавување фотографија, текст и видео на профилот, а таа содржина исчезнува по 24 часа.
Сепак, WhatsApp мора да биде внимателен со делењето податоци со Facebook. Кога Facebook го купи во 2014. година, вети дека нема да ги дели корисничките податоци и дека ќе функционира независно и автономно. Тоа се промени во 2016. година, кога беше соопштено дека ќе почне да ги дели податоците со Facebook. Оттогаш на Facebook француските и германските власти му наредија да го прекине тоа, а во 2017. компанијата е казнета со 122 милиони долари. Казната ја одреди Европската комисија поради мамењето на регулаторите, во која мерка можат да се поврзуваат профилите пред купувањето.
Делењето на статусот од WhatsApp не претставува делење на некои податоци, поради кои Facebook би можел да се најде во неволја. WhatsApp Status од 2017. година го користат 500 милиони корисници секојдневно, а од 2020. година ќе стане првото место на кое WhatsApp ќе ги прикажува рекламите.
Поврзани артикли