Во мај пишувавме дека производителот на премиум телевизори Loewe се наоѓа во големи потешкотии, кои сега, според пишувањето на германскиот печат, кулминираа со банкрот на самата компанија.
Според пишувањето на Spiegel, сите бизнис активности на компанијата ќе престанат на 1. јули оваа година. Менаџментот на компанијата потврди дека Loewe повеќе нема финансиски средства на располагање, со оглед дека и е одбиен било каков заем на компанијата.
Тоа значи дека околу 400 вработени, веројатно од 1. јули ќе добијат отказ, а во компанијата би требало да остане само нужниот персонал. Одлуката за тоа ја донесува привремениот стечаен управител Рудигер Вајт. Во вторникот биле забележани и протести на работниците на компанијата во градот Кронах.
Моментно инвестициската група Stargate Capital е сопственик на Loewe, а значаен инвеститор е и британската компанија RiverRock. Нив, синдикатот на работници IG Metall ги обвини за работење на штета на работниците.
Loewe тешко се справуваше со кинеската конкуренција, производителите како што се TLC и HiSense, чии ниски цени на телевизори базирани на OLED екрани, на крајот влијаеле на приходите на германската компанија, која се потпираше на добивната од поскапите премиум телевизори.