Samsung е дефинитивно доминантен на јужнокорејскиот пазар за 5G телефони. Најновите извештаи укажуваат на тоа дека овој гигант на домашниот пазар доставил еден милион Galaxy S10 5G телефони во текот на првите 80 дена од достапноста на уредот.
Доколку го поделите вкупниот број на продадени телефони со бројот на денови на достапност, ќе добиете дека секој ден се продавале околу 12.500 Galaxy S10 5G телефони. Да ве потсетиме, 5G верзијата се разликува од обичната верзија, пред се со уште подобра камера, поголеми димензии, како и присуство на батерија со поголем капацитет.
5G мрежата веќе е имплементирана во Јужна Кореја. Но, самиот телефон може да се нарача и надвор од неа. Конкретно, Galaxy S10 5G е достапен во Велика Британија кај ЕЕ и Vodafone операторите, но и во Соединетите Држави кај операторите Verizon и Sprint.
Извор: PC Press.rs