Одлуката на aмериканската Влада да го стави Huawei на црна листа доведе до загриженост дека таа компанија ќе ја загуби соработката и поддршката од американските фирми како што се Google и Microsoft.
Особено загрижени беа сопствениците на лаптопите Huawei, кај коишто на крајот од минатиот месец сите траги од MateBook X Pro модел, исчезнаа, па подоцна голем дел од компонентите беа вратени.
Microsoft преку PC World потврди дека Windows лаптопите на Huawei и натаму ќе добиваат софтверска поддршка, и покрај одлуката на американските власти за забрана на трговијата со кинеската компанија.
– Нашата почетна проценка на одлуката на американското Министерство за трговија во однос на Huawei покажа дека може да ја продолжиме понудата за надградувања на Microsoft софтверот кај корисниците на Huawei уредите, соопшти претставник на американскиот гигант.
Тоа се совпаѓа со претходно соопштение на кинеската фирма, каде што, исто така, стои дека сите Huawei компјутери ќе продолжат да ја добиваат Microsoft поддршката, како и Android надградбите за Huawei паметните телефони и таблетите.
Сличен е ставот и на Intel, околу Huawei уредите коишто користат Intel процесори. Меѓутоа, тие ажурирања ќе важат само за Huawei уредите што се досега