Иако го носите секој ден, веројатно не забележувате какви бактерии излегуваат од него и всушност колкав извор на зарази е овој уред.
Верувале или не, станува збор за рачниот часовник. Според најновите истражувања, просечниот рачен часовник содржи трипати повеќе бактерии од просечната WC шолја. Истражувањето го спровела компанијата „Tic Watches“, а часовниците биле тестирани на различни видови бактерии.
Тестирани се 10 различни видови часовници, а највалкан бил фитнес часовникот кој се покажал дури осум пати повалкан од WC шолјата. Најчист бил кожниот часовник. Даниел Ричмонд, директорот на „Tic Watches“, рекол дека часовниците треба да се чистат барем еднаш месечно.
Без оглед на тоа колку пати дневно ги миеме рацете, часовниците тогаш не се чистат и остануваат валкани. Особено се валкани оние кои не се водоотпорни и чии сопственици избегнуваат било каков контакт на часовникот со вода.
Затоа би требало добро да се исчисти нараквицата од часовникот во зависност од материјалот од кој е направен. Металните часовници можат многу добро да се исчистат со вода и сапун со помош на четка додека пак за кожните нараквици добро е да употребите малку оцет.
Главата на часовникот може да ја исчистите со влажна крпа или антибактериско марамче.
Извор: B92.net
Поврзани артикли