Моделите кои биле тестирани се во две верзии – со стандарден клуч и пристап без клуч
Експертите од агенцијата Thatcham Research извршиле тестирање на неколку нови модели на пазарот и врз основа на резултатите направиле класификација на автомобили кои лесно може да бидат отуѓени. Заради поголема точностна резултатите, тестовите биле направени два пати – во верзија со клуч и пристап без клуч.
Максимална оцена и во двата случаи добиле моделите BMW 7-Series, BMW X7 и Porsche 911. Баварските автомобили се опремени со посебен сензор кој овозможува висока заштита на автомобилите од обиди за кражба ако оној што има такви намери не располага со оригиналниот клуч или чип.
За разлика од BMW и Porsche, останатите модели имале сериозни проблеми. Volvo V60 по првиот тест (верзија со клуч) бил оценет како „добар“, за да по тестот и на вторајта верзија оваа оцена се промени во „незадоволително“. Исти проблеми имале уште три од тестираните модели – DS 3 Crossback, Toyota RAV4 и Mazda 3.
Од Агенцијата за истражувања Thatcham Research велат дека во моментов побарувањата на осигурениците од осигурителните компании по основ украдени автомобили доживува некаков врв во изминатите 7 години. Експертите бараат од производителите да работат и понатаму на системот за пристап до автомобилот без клуч, бидејќи оваа функција засега им овозможува на крадците да ја надминат дури и најсигурната механичка заштита на возилата.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли