Наскоро би можеле да дознаеме повеќе за марсовските сателити Фобос и Деимос, бидејќи Japan Aerospace Exploration Agency (ЈАХА) се здружи со германските и француски вселенски агенции околу проектот, благодарение на кој наскоро би можеле да испратат истражувачко летало на пат кон Црвената планета.
Планирано е да се конструира и склопи ровер кој наскоро би можел да се најде на еден од сателитите, а кој би требало да стане прва машина од Земјата која се спуштила на некои помало небеско тело. Се уште не е одлучено кој од двата сателита ќе биде конечната дестинација, а се претпоставува дека тоа би можел да биде Фобос, бидејќи е нешто поголем, што значи дека има и посилна гравитација. Оваа мисија би можела да ги открие информациите за настанувањето на сателитите кои кружат околу Марс, и нивниот состав, што е значајно, бидејќи се претпоставува дека во иднина би можеле да послужат како извори на вода и гориво за мисиите за подлабоко навлегување во вселената.
Планирано е мисијата да почне во 2024. година, што значи дека леталото во орбитата на Марс би можело да се најде веќе во 2025. година, за потоа на Земјата со примероците да се врати до 2029. година.