Кога администрацијата на Трамп го стави Huawei на својата црна листа, Google го ограничи пристапот на компанијата до оперативниот систем „Андроид“.
Таквиот потег може да претставува голем удар за Huawei, кој имаше цел да стане водечки производител на паметни телефони до 2020 година, пишува Си-ен-ен.
„Ги почитуваме одредбите и ги преиспитуваме можните последици“, рече портпаролот на Google.
Минатата недела Трамп потпиша одредба која на американските компании им забранува продажба на компоненти за „Хуавеј“, без посебна дозвола од владата на САД бидејќи производителот спаѓа на листата на компании што би можеле да ја загрозат националната безбедност.
Компанијата Huawei, втора по продажба на паметни телефони, се потпира на пакетот услуги од Google, вклучувајќи ги и неговиот оперативен систем „Андроид“ и апликацијата Play Store.
Google, според извештаите, има намера за кинсексата компанија да го укине пристапот до поголемиот дел од овие системи.
Од сега па натаму, Huawei, ќе може да користи само софтвер со отворен код, односно ограничена и основна верзија на „Андроид“ и нема да може да пристапи до апликации и услуги на Google. Сепак, како што изјавија од Google, ова нема да влијае на тековните корисници, односно оние што веќе поседуваат паметни телефони од Huawei.
„Google Play и неговата безбедносна заштита ќе продолжат да функционираат на постојните уреди од компанијата Huawei,“, изјави портпаролот на Google.