Многумина корисници на апликацијата WhatsApp добија порака деновиве дека : ,,Адидас донира 3000 бесплатни пара патики и 1800 маици за да ја прослават својата 95-годишнина, а патиките бесплатно можат да се набават на http://www.adidas-neo.club/offer/”.
Но, внимавајте станува збор за измама. Доколку се кликне на понудениот линк, многу телефони целосно ќе се ,,замрзнат” и единствениот начин за повторно да проработи мобилнот е присилно да се изгасне и пак да се вклучи. Но токму тогаш почнуваат проблемите, бидејќи пораката на тој начин почнува да се шири по сите контакти кои што ги имате меморирано во мобилнот телефон. Слична порака се шири и на Вибер.
Во март, ,,Адидас” предупреди за оваа измама која се шири од 2017 година, не само преку овие апликации, туку се споделува истата порака и преку Фејсбук и Твитер.