Кинеската компанија Xiaomi постави уште еден рекорд во текот на распродажбата на својата линија паметни теелвизори. Според наводите на компанијата, продадени се преку 100.000 Mi TV уреди за само девет минути и осум секунди, во текот на годишната распродажба на Xiaomi.
Во текот на распродажбата, компанијата нудела големи попусти на различните модели на свои телевизори. Според наводите на производителот, Xiaomi Smart TV уредите пристигнуваат со прилагоден кориснички интерфејс, под името PatchWall, кој овозможува лесна навигација низ различните видови содржини и медиуми. Xiaomi TV уредите пристигнуваат и со паметен асистент, кој се активира преку гласовни команди.
Во текот на распродажбата, на попуст беа и Mi 8 Pro телефоните. Кинеската компанија моментно се подготвува да ги објави Redmi K20 и K20 Pro на глобалните пазари.
Поврзани артикли