Според постови во кинески Weibo, производителот на паметни телефони Samsung подготвува специјален модел заедно со Tesla на Елон Маск. Се тврди дека уредот ќе биде именуван Galaxy Note10 Tesla Edition.
Ваквите иницијативи се вообичаени кај производителите на паметни телефони, тие сакаат да користат автомобилски брендови за да ги нагласат карактеристиките на нивните уреди, да се зголеми продажбата кај публиката на љубителите на еден или друг бренд на автомобили.
На пример, Huawei неколку години го користеше брендот Porsche, а OnePlus е поврзан со McLaren. Потегот на Samsung не е помалку интересен, со оглед на големата популарност на брендот Tesla.
Се уште нема официјални информации за Galaxy Note10 Tesla Edition, освен протечената фотографија на интернет, што не е сигурна дека е вистинска. Може да се претпостави дека Samsung соработува со дизајнерите на Tesla главно во поглед на надворешниот изглед на паметниот телефон. Дали и кога таков модел ќе излезе на пазарот не е јасно.