Градоначалникот на Лондон, Садик Кан претстави ажуриран план за реализација на инфраструктурата за електрични возила, кој има за цел до 2025. година во градот да инсталира до 50.000 полначи за електрични возила, бидејќи Лондон до 2030. година ќе стане град без емисија на штетни гасови.
Со планот се настојува да се елиминираат пречките за понатамошото забрзување на растечката стапка на усвојување на EV во градот. Проценките покажуваат дека со усвојување на електричните мотори би можела да се зголеми бројката од околу 20.000 колку што ги има денес, на повеќе од 330.000 до 2025. година.
Тоа најверојатно ќе се постигне со поставување на илјадници и илјадници полначи за електрични возила, што Кан го нарекува „еволуција на електрични возила”. Transport for London (TfL) веќе се обврза дека до крајот на 2020.година ќе инсталира 300 ултра брзи полначи, а се очекува дека го крајот на 2020. ќе бидат инсталирани и повеќе од 3.500 од сите останати типови на обични и брзи полначи.
Меѓутоа, многу повеќе ќе бидат потребни ако градот сака ги оствари своите инфраструктурни цели, со околу 36.000 до 51.600 вкупно полначи, кои се предвидени до 2025. година. Тоа значи дека изградбата ќе се забрза, па во наредните пет години, до 2025. Лондон би требало да добие 2.300 до 4.100 полначи од најбрз тип, како и 33.700 до 47.500 останати полначи за електрични возила. Работната група на градоначалникот за електрична инфраструктура очекува дека поголем дел од полначите ќе бидат инсталирани од приватниот сектор, но исто така, напоменува дека „ќе биде потребна дополнителна поддршка од страна на Владата”.