Изворите блиски до компанијата Samsung тврдат дека јужнокорејскиот гигант својот следен смартфон Galaxy Note 10 ќе го претстави на 7. август во Њујорк.
Note традиционално е прва платформа на Samsung за претставување на новите технологии, а гласините говорат дека оваа година ќе биде претставен модел во две големини, од кои едната ќе биде 5G верзија. Исто така, се шпекулира дека 3,5 милиметарскиот влез за слушлаки ќе стане минато, односно дека новиот Note нема да го поседува.
Неодамна на Твитер се појави и рендер кој е доказ за елиминирање на горната и долната рамка. Кружниот отвор за предната камера е поместен во средина и не е сместен од страна како во случајот на Galaxy S10.
Compare the size of Note10 and Note Pro pic.twitter.com/XWsEEDVjY1
— Ice universe (@UniverseIce) June 18, 2019
Поголемиот Note наводно ќе има 6,75 инчен екран, додека помалиот ќе добие 6,3 инчен дисплеј. Се чини дека претстојниот уред ќе има три задни камери наредени вертикално.
Samsung наводно повторно ќе го избере Barclays Center во Бруклин за претставување на новиот Note, кое ќе биде одржано на 7. август. Дотогаш очекуваме протекување на нови детали.