Што е 5G технологија?
5G мрежите се најновата генерација на поврзаност на мобилен интернет, нудејќи многу поголеми брзини и постабилни врски на смарт телефоните и другите уреди, од кога било порано. Со 5Г врската се очекува брзината на симнување податоци од интернет од 1GBps да стане вообичаена норма.
Со помош на 5G мрежите се обезбедува телекомуникациска инфраструктура преку која може да се врзат милиони уреди и да се испраќаат огромни пакети податоци, досега незамисливи.
5G може да поддржи милион уреди на квадратен километар, а 4Г сто илјади корисници.
Употреба
Прва земја која ја усвои 5G технологијата е Јужна Кореја, само неколку часа по неа употребата на 5G почна и во неколку градови во Соединетите Американски Држави, а потоа и во неколку други земји.
5G радио хардвер засега продаваат Хуавеи, ЗТЕ, Нокиа, Самсунг и Ериксон.
Поголема употреба на 5Г технологијата се очекува во 2020 година.
5G користи спектар фреквенции od 600 MHz do 6 GHz и исто така користи милиметарски бранови со спектар од 24 до 86 GHz.
Појаснување
Aко ова делува збунувачки, сѐ што треба да знаете за фреквенцијата на 5G е дека различни компании користат различен спектар за да пренесуваат 5G податоци.
Радио брановите вклучуваат екстремно ниска фреквенција (ELF), ултра ниска фреквенција (ULF), ниска фреквенција (LF), средна фреквенција (MF), ултра висока фреквенција (UHF) и екстремно висока фреквенција (EHF).
Еден дел од радио спектарот има висока фреквенција од 30 GHz и 300 GHz и често се нарекува милиметарска фреквенција, поради должината на брановите од 1 до 10 милиметри. Овие бранови се популарен избор за 5G, но исто така се користат и во радио астрономијата, телекомуникациите и радарските пиштоли.
Зошто се битни овие милиметарски бранови? Затоа што можат да пренесуваат огромни количини податоци за многу брзо време.