Веќе неколку години, Mozilla се обидува да ги монетизира своите производи на секаков начин. Компанијата понуди платена промоција на ProtonVPN и спонзорирана содржина во Pocket. Но сега, според извршниот директор Крис Бирд, се планира нешто ново.
Mozilla подготвува нов пакет на услуги наречен Firefox Premium, објави MSPowerUser. Предлогот вклучува складирање во облак и VPN. Ќе има бесплатна верзија, но со мала брзина, како и платена верзија без ограничувања. Услугата ќе биде лансирана во октомври оваа година, но Mozilla сè уште не го објавува точниот датум, целосната листа на услуги, како и цената на претплата.
Можно е Mozilla да не имплементира само VPN, туку и комплетен безбеден канал со end-to-end енкрипција или нешто слично. Во следната верзија на Firefox, компанијата има намера да обрне внимание на оптимизацијата и брзината. Станува збор за „замрзнување“ на активноста на јазичињата, со што ќе се заштедат ресурсите кај послабите компјутери.