Амбициите на Индија за истражување на вселената полека се зголемуваат, а сега вклучуваат долготрајно присуство во Земјината орбита.
Шефот на индиската организација за истражување на вселената, Кајласавадиву Сиван, ги откри плановите за лансирање на вселенска станица „околу 2030 година“.
Планот предвидува лансирање на релативно мала станица во која астронаутите ќе можат да останат само околу 15-20 дена, но сепак ќе биде доволна за истражување и вршење на експерименти. Сиван изјави дека Индија не сака да зависи од друга земја кога е во прашање истражувањето на вселената.
Ако сѐ оди според планот, ова ќе ја направи Индија дел од ексклузивен клуб на земји. Освен партнерските земји кои имаат пристап до Меѓународната вселенска станица, само Кина, Русија и САД имаат сопствени орбитални домови. Плановите се доказ дека Индија има намера да ги стигне „ривалите“ во трката за истражување на вселената.
Извор: Klix.ba