Во намера да ги спречат лажните вести што ги создаваат системите на вештачката интелигенција, научници создале систем на вештачка интелигенција што создава најуверливи лажни вести.
Новиот систем наречен GROVER може да ги пишува лажните вести само врз основа на сензационалистички наслови, а креаторите тврдат дека се поуверливи од оние што ги пишуваат луѓето.
Најдобрата одбрана од овој тип лажни вести е самиот GROVER бидејќи, за разлика од другите актуелни системи што ги детектираат лажните вести со 73-отстотна точност, GROVER го прави тоа со 92-отстотна точност. Тоа значи дека алгоритмите на GROVER освен што можат да пишуваат лажни вести, можат и да ги детектираат, и во тоа се подобри од кој било друг систем.
Ако дојде во погрешни раце, GROVER би можел да го преплави интернетот со лажни вести што би ја убедиле јавноста во погрешни информации.
Тимот од Универзитетот во Вашингтон што го создал GROVER планира да ја спречи неговата злоупотреба така што алатката веднаш ќе ја направи достапна за пошироката јавност, па секој што сака може да ја користи за проверка на природата на објавените вести. Предноста на GROVER е во тоа што анализира повеќе аспекти на вести од други алатки и не го преиспитува само телото на текстот, туку и насловот, медиумот, авторот на текстот, како и други детали што би можеле да помогнат во откривањето на содржината.
Извор: B92.net
Поврзани артикли