Oppo патентираше флексибилен смартфон со подвижна камера

Иако 2019. е година на првата генерација смартфони со флексибилни екрани, ниту еден од најголемите производители се уште не издаде во продажба свој дебитантски модел. Сепак, ова не го спречува развојот на нови уреди и концепти во оваа насока. Тоа го докажува патентна апликација на Oppo до WIPO.

Во неа гледаме скици и рендери на модел кој има флексибилен екран и камера со подвижен механизам. Пријавата е поднесена во октомври 2018 и е доказ за стремежот на компанијата за производство на уред со тенки рамки и без отвори во екранот.

Екранот на паметниот телефон е преклопен како Huawei Mate X, а подвижниот механизам на камерата ќе ви овозможи нејзино користење во преклопена и отворена состојба. Во рендерите се гледаат 3.5 милиметарски приклучок за слушалки, отвор за звучници, хардверски копчиња за контрола на јачина на звук и прекинувач.

Интересно, приклучокот за полнење изгледа како MicroUSB, што би било чудно за уред од оваа класа. Сè уште нема информации за тоа дали компанијата ќе пушти на пазарот сличен модел.