Аpple доживува уште поголеми проблеми во обидот да се натпреварува со водечките производители на смартфони кои користат Android. Добар пример е фактот дека компанијата веќе треба да се помири со третото место во индустријата.
Причината е за ова е тоа што Apple беше претекнат Huawei и веќе неколку квартали регистрираат послаба продажба од двата големи конкуренти на пазарите за смартфони. Ситуацијата останува иста и во првиот квартал од оваа година, пренесува Digital.bg
Последниот извештај на International Data Corporation (IDC) откри доста загрижувачки резултати за компанијата. Според официјалните податоци Аpple регистрирале продажбата од 7,8 милиони смартфони на европскиот пазар.
Оваа бројка значи пазарен удел од 14.74%, но претставува и голем пaд од импресивните 22,7%, во споредба со првиот квартал минатата година. Аналитичарите од IDC дополнуваат дека ова е најслабиот квартал на Apple во Европа во последните пет години, соопштува PhoneArena.
Поврзани артикли