Јапонски технолошки дизајнери изработија уред којшто изгледа како грамофон, работи на сличен начин и служи, пред сè, да го подобри нашето расположение.
Новиот изум, инаку изработен од дрво, може истовремено да емитува музика, да прикажува смирувачки куси видеа и да испушта пријатни мириси.
Се работи за брендот „Мулти сензори дивајс екс-ви-џи-01“ (Multi Sensory Device XVG-01).
Уредот ќе биде по првпат претставен на Азиската изложба за корисна електроника, којашто денеска и утре ќе се одржи во Шангај, Кина. Во продажба ќе биде достапен кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
https://youtu.be/pghXYpjbiI0