Научници од Бугарската академија на науките (БАН) конструираа два робота, кои ќе бидат наменети за помош на лица со попреченост, особено за деца со аутизам.

„Анри 1″ и „Анри 2″ работат на принципот на вештачка интелигенција, па можат, на пример, и да повикаат помош, ако нечиј живот е загрозен или едноставно, ако лицето падне на земја.

Професорот Роман Захариев од Институтот за роботика при БАН, објаснува дека човечкиот облик на машината влијае на психата на луѓето и едноставно го прави роботот пострашен, особено за лица со аутизам.

– Затоа и всушност двата робота немаат човечки изглед, нагласува Цвета Младенова, која е дел од инженерскиот тим.

„Анри 2″ пак, е посебно оспособен за комуникација со децата со аутизам. Со него тие ќе може да учат новитети без скоро никаков страв.