Функцијата „динамички пораки” на Gmail наскоро ќе биде достапна за сите корисници

Google работи на нова ажурирање, кое ќе им овозможи на корисниците да направат многу повеќ, без да го напуштаат сандачето за пораки на Gmail. Ова ажурирање ќе биде достапно за сите корисници на 2 јули и ќе понуди уште една интересна карактеристика. Концептот на т.н. „динамични пораки”, кои се напојуваат со AMP технологија, сега се достапни за корисниците на G Suite. Ова е протокол кој побрзо ги вчитува страниците на мобилните уреди, пренесува Digital.bg

Интеграцијата на „динамичките пораки” во Gmail ќе овозможи да се вршат голем број веб-базирани задачи од сандачето за пораки. На овој начин, че можат да се пополнат различни форми и документи, да се потврди присуство на различни настани, да се уредуваат документи во Google Docs, да се гледа колекција на фотографии и друго. Оваа функционалност првично ќе биде достапна само за веб-верзија на Gmail.