Microsoft избриша огромна база на податоци која содржи 10 милиони фотографии кои се користат за “обучување” на системот за препознавање лица, објави Financial Times.
Базата на податоци постои од 2016 година и е изработена од онлајн фотографии на 100.000 добро познати луѓе. Се верува дека се користи за “обучување” на системи за идентификување лица, користени од полицијата и армијата.
Потегот на Microsoft доаѓа откако компанијата ги повика американските политичари подобро да ги регулираат системите за препознавање лица.
Microsoft неодамна го отфрли барањето на калифорниската полиција која сакаше да го користи овој систем за препознавање лица за своите камери, кои ги носат полициските службеници, а се користат и во полициските автомобили. Масивната база на MSCaleb содржи фотографии од познати личности пронајдени на Интернет, како што се новинари, уметници, музичари, активисти, политичари, писатели и истражувачи.
Иако базата на податоци повеќе не е достапна преку Microsoft, оние кои што ја преземале копија од неа, се уште можат да ја користат.