Раководството на НАСА објавија дека ќе отвори делови од Меѓународната вселенска станица (ИСС), овозможувајќи им на компаниите да ги користат објектите на вселенската станица за комерцијални цели, вклучувајќи и снимање на реклами или филмови.
Новата привремена НАСА директива им овозможува на приватните компании да изнајмат одреден простор од ИСС, за маркетинг или тестирање на нивните производи.
НАСА, исто така, ќе овозможи и приватните астронаутски мисии до 30 дена, во рамките на одобрените комерцијални и маркетинг активности наведени во директивата објавена во петокот. Најавата на НАСА исто така го постави и патот за идни приватни цивилни мисии.
Директивата исто така им овозможува на овие компании да користат ресурси на ИСС за комерцијални цели, дури и преку користење на времето и експертизата на астронаутите на НАСА.
Компаниите ќе можат да ги испратат своите астронаути во ИСС почнувајќи од 2020 година, но сите овие активности доаѓаат и со одредена цена.