Seagate потврди дека активно започнува со испорака на своите хард дискови наполнети со хелиум од 16TB, кои се дел од семејството на Exos X16 и обезбедуваат извонредни нивоа на простор за складирање.
Покрај Exos X16 дискот, компанијата потврди дека IronWolf и IronWolf Pro линиите ги добиваат своите 16TB модели, овозможувајќи им на корисниците да креираат NAS уреди со 16TB HDD.
Во иднина, се повеќе и повеќе содржини се очекува да бидат складирани на Cloud, а Seagate предвидува дека побарувањата на светските складови ќе пораснат од 33 zetabytes во 2018 година на 175 zetabytes до 2025 година. 16TB Exos дискови на компанијата се најголемите дискови во моментов достапни на пазарот и се користат за ситуации кои бараат висока достапност.
Дисковите Seagate Exos 16TB се испорачуваат со препорачана малопродажна цена од 629 долари, што е 39,31 $ по терабајт. Дисковите станаа достапни за меинстрим јавноста од 4-ти јуни.