Научниците тврдат дека ворп погонот со кој се патува побрзо од светлината – концепт популаризиран од серијалот Star Trek, ни е на дофат.
Поради тоа што законите на физиката не дозволуваат ништо да се движи побрзо од светлината во вселената, технологијата за да се постигне тоа треба да го манипулира време-просторот.
Првиот концепт за ворп погон беше предложен во 1994 година од страна на мексиканскиот физичар Мигел Акубиер, но според пресметките, за таков уред кој би можел да го искривува просторот, потребни се огромни количини на енергија.
Сега физичарите велат дека може да се направат прилагодувања на веќе предложениот концепт, што ќе овозможи уредот да работи на значително помалку енергија – нешто што би можело повторно да ја врати назад идејата која потекнува од научната фантастика.
Концептот вклучува вселенско летало со големина на фудбалско игралиште и со прикачен голем прстен кој го опкружува.
Овој прстен, потенцијално изработен од егзотична материја, ќе предизвика време-просторот да се искриви околу вселенскиот брод, создавајќи регион на згмечен простор пред него и проширен простор зад себе.
Со овој концепт, вселенското летало би можело да постигне ефективна брзина од околу 10 пати поголема од брзината на светлината, без да се наруши космичкото ограничување на брзината.
Претходните студии проценија дека основната минимална количина на енергија што е потребна за да работи е еднаква на масивната енергија на планетата Јупитер.
Но, научникот од НАСА, Харолд Вајт пресметал дека доколку обликот на прстенот кој го опкружува вселенското летало е прилагоден како повеќе “заоблени крофни“, за разлика од рамниот прстен, ворп погонот би можел да биде напојуван со маса голема колку еден помал автомобил.
Исто така, доколку интензитетот на осцилацијата се зголеми, потребната енергија ќе се уште повеќе, додаде Вајт.
Вајт и неговите колеги веќе почнаа да експериментираат со мини верзија на ворп погонот и се обидуваат во нано размери да го искриват време-просторот во својата лабораторија.