Овој трик ќе го олесни вашето испраќање на пораки, а луѓето не можат да веруваат колку долго постои и зошто дури сега дознаваат за него.
Поместувањето на курсорот понекогаш може да се претвори во вистински пекол, без оглед на тоа колку сте прецизни. Речиси е полесно да ја избришете целата порака и да ја напишете отпочеток отколку да пробувате да го обележите спорниот збор со курсорот.
How come you guys never told me this iPhone trick? I feel duped. pic.twitter.com/2RfRhI4Y1X
— Krissy Brierre-Davis (@krissybri) November 18, 2018
Но, благодарение на откритието на една блогерка, ова може да се избегне доколку притиснете само еден тастер на тастатурата, а тоа е копчето за оставање простор односно “spacebar”.
Оваа опција е достапна од 2015 година на телефоните на Apple, но се чини дека многумина не знаат за истата. Многу брзо откако овој трик го виде “светлото на денот”, се појавија бројни корисници кои забележале дека не е потребно да се држи “spacebar”, туку тоа може да се направи и со притискање на било кое копче на тастатурата.
https://twitter.com/lisa_ellenn/status/1064627909212561408?s=21
Извор: Telegraf.rs