Кина соопшти дека ќе создаде листа на т.н. „несигурни“ субјекти, за кои тврди, дека наводно ги повредуваат интересите на локалните компании. Ова потенцијално може да влијае на илјадници странски фирми, додека трговските тензии меѓу САД и Кина расте, откако владата на Доналд Трамп ја стави во „црната листа“ на земјата Huawei Technologies, пишува Bloomberg.
Кина ќе подготви механизам, кој посочува странски компании, организации и личности кои не се потчинуваат на пазарните правила, ги прекршуваат договорите, блокираат и прекинуваат испораките по некомерцијални причини и сериозно наштетуваат на легитимните интереси на кинеските компании, објави портпаролот на Министерството за трговија Гао Фенг.
„Ќе бидат донесени потребните мерки против оние кои ќе се најдат во листата“, изјави тој, додавајќи дека наскоро ќе има повеќе детали на оваа тема.