Microsoft го најави незамисливото – компанијата развива нов оперативен систем. На Саемот Computex во Тајван, потпретседателот на IT гигантот, Ник Паркер ги претстави идните софтверски амбиции на Microsoft. Иако се очекуваше настанот да биде форум за објава на пошироко дискутираниот Windows Lite, не слушнавме официјално соопштение, но Microsoft сепак навести на што работи, макар и со „пола уста“.
Првиот заклучок од малиот број на информации кои беа изнесени е дека модерниот систем ќе работи на основа на облакот. Тоа значи дека главната работа, односно главната процесорска моќ за работа на системот и апликациите, ќе доаѓа од cloud, поточно од серверите на Microsoft.
Според Паркер, идниот оперативен систем на Microsoft ќе понуди работи како постојана врска со мрежата, сигурна и стабилна рамка и органски надградби. Паркер постојано зборува за „модерен оперативен систем“, споменувајќи ја потребата од вештачка интелигенција, искуства во облак и висок степен на интерактивност, која вклучува команди со допир, пенкалце, глас, па дури и поглед. Се дискутираше и за можноста да го пренесете екранот вашиот Android телефон на мониторот и да користите глувче и тастатура за да работите со своите апликации.
Логично е дека некои од овие карактеристики можат да бидат интегрирани во сегашната верзија на Windows, но се чини дека Microsoft планира нешто сосема различно за следниот оперативен систем и тоа најверојатно ќе биде далеку посериозно од сегашните обиди за лесна платформа, кои ги видовме во Windows 10 S. Microsoft веќе официјално објави дека ја тестира новата верзија на Windows 10, кој ќе излезе дури во 2020 година, а дали таа е попатна станица меѓу очекуваната окромвриска надградба и „модерниот OS“ или нешто поинакво, ни останува да видиме во иднина.
Кога може да се очекуваат повеќе информации за овој систем не е познато. Дали овие промени постепено ќе бидат вградувани во Windows 10 или можеме да очекуваме некоја тест верзија од новиот систем, исто така не е познато.
Извор: The Verge
Поврзани артикли