Иако пешаците веќе донекаде и ги контролираат семафорите, физичките тастери воглавно не носат големи промени, па не влијаат многу на безбедноста при преминувањето на улицата.
Австриските истражувачи би можеле да понудат решение за овој проблем во облик на семафор кој ќе се занимава со намерите на пешаците. Станува збор за семафори опремени со камери, благодарение на кои можат да детектираат пешаци кои планираат да ја минат улицата.
Системот “компјутерски вид” скенира одредена површина, па на семафорот му праќа сигнал кога еден или повеќе пешаци ќе се појават на позицијата која е означена како место за минување на улицата.
Целиот процес се одвива за неколку секунди, па креаторите тврдат дека е пократок од времето кое на некој пешак му е потребно да го дофати физичкиот тастер во рамките на обичниот семафор.
Покрај тоа, системот е флексибилен, па може да го продолжи траењето на зеленото светло доколку детектира поголема група на луѓе на преминот, или да се врати на црвено светло кога ќе забележи дека на преминот нема пешаци, објави PC Press.
Првиот ваков семафор би требало да се појави во Виена до крајот на 2020-та година.
Ќе мине некое време додека истите системи не ги заменат физичките тастери ширум светот, но ова сепак е важен чекор во насоката на побезбеден пешачки живот.
Извор: B92.net
Поврзани артикли