Вака изгледа iOS 13: Нов темен режим и подобрени апликации

Компанијата Apple својата WWDC конференција ќе ја одржи во понеделник, а уште сега се знае што ќе биде најавено.

Се работи за iOS 13, оперативниот систем чиј изглед е откриен со објавување рендери на интренет. Оперативниот систем на Apple има темен режим, кој се пренесува и на апликациите како што е Music, а дури има и интересна алатка за скриншот. Apple ќе уфрли копче за вклучување на темниот режим во Control Center и во iOS Settings.

Апликацијата на Apple, Reminders е променета за iOS 13 и сега има две одвоени секции со опциите Today, Scheduled, All и Flagged, а корисниците можат да ги пребаруваат постоечките потсетници. Apple ги соедини Find my Friends и Find my iPhone во една апликација, под името Find My.

Исто така, iOS 13 ќе ги има подобрените апликации Health и Maps и ќе го поддржува користењето на iPad како секундарен екран за Mac. Темниот режим ќе биде најочигледната визуелна промена на iPhone и iPad.