Компанијата Asus по повод 30. годишнината на своето постоење го подготви лаптопот Asus ZenBook Edition 30 кој е украсен зо кожа и злато.
Asus ZenBook Edition 30 е лимитиран модел кој има бела кожа на задната страна на екранот, како и розево лого од злато. Asus не се одлучи за целосен третман со кожа, како што е тоа случај со хибридниот таблет/лаптоп на HP, Folio.
Секој дел од кожата е рачно избран, а ја шиеле врвни кројачи. Asus нуди и специјални додатоци за лаптоп, вклучувајќи и бело глувче. Ова не е прв пат Asus да експериментита со “кожни лаптопи”, бидејќи во 2006. година се појави моделот S6F, кој имаше кожен заден дел од екрамнор, како и со кожа обложени потпирачи за дланките.
ZenBook Edition 30 има Intel Core i7 од осмата генерација, Nvidia GeForce MX250 графичка картичка, до 16 GB RAM и PCIe SSD меморија. Овој 13-инчен лаптоп има екран од Asus без памки. Преносникот поседува и ScreenPad, кој подразбира екран на местото на тракпадот.
Цената засега не е позната.